Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев истакна дека голманот на Баерн, Мануел Ноер е прв избор на голманската позиција.
Веќе подолго време трае дилемата кој ќе биде прв голмана на репрезентацијата, откако Марк Андер тер Штеген јавно се побуни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Следуваше реакција од Баерн со закана, доколку Ноер биде сменет од Тер Штеген, тогаш во репрезентацијата нема да бидат пуштени играчи од баварскиот клуб.
Голманот на Барселона игра во животна форма, па многумина сметаат дека треба да биде прв голман во репрезентацијата, но така не мисли и Јоаким Лев.
„Како што веќе неколку пати реков, Мануел Ноер е наш капитен и, според тоа, наш број еден во оваа фаза, ако не се случи ништо неочекувано“, истакна Лев.