Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс и официјално претставен во Лејкерс

Леброн Џејмс и официјално претставен во Лејкерс

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс и официјално стана нов играч на ЛА Лејкерс, соопштија на официјалната страна на НБА лигата. 

Џејмс со Лејкерс потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари, а неговото доаѓање во Лос Анџелес беше најавено уште пред десетина дена и само се чекаше официјална потврда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Леброн во Лејкерс пристигна од Кливлент во кој можеше да одигра уште една сезона за 35.6 милиони долари, но тој тоа го одби и одлучи да остане слободен играч.

Џејмс зад себе има сезона во кој има учинок од 27.5 поени, 8.6 скокови и 9.1 асистенции по натпревар, додека во Плејофот беше уште подобар и забележа 34 поедни по натпревар, 9.1 скокови и 9 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов голем трејд во НБА лигата, Порзингис заврши кај Кари!

Последните денови пред крајот на преодниот период во НБА секогаш носат драматични трансфер…