Дома Трансфер зона Лајпциг НЕ го пушта Кеита на „Енфилд“ во јануари

Лајпциг НЕ го пушта Кеита на „Енфилд“ во јануари

Спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник потврди дека германскиот клуб нема намера да го пушти Набу Кеита во Ливерпул во јануарскиот преоден рок.

Уште во текот на летото „црвените“ го договорија трансферот на Кеита за 55 милиони фунти, но според договорот играчот треба официјално да премине во Ливерпул следното лето.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Неодамна се појавија информации дека клубот од „Енфилд“ ќе се обиде уште во јануари да го донесе играчот за врска во своите редови, особено ако Лајпциг отпадне од ЛШ.

„Дури и ако бидеме елиминирани во групната фаза од Лигата на шампиони нема смисла да му дозволиме на Кеита да се пресели во Ливерпул по рано. Сакаме повторно следната сезона да се пласираме во евротурнирите и Наби е многу важен играч за нас“, изјави Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанско дерби за напаѓачот на Барселона

Италијанските гиганти Интер и Јувентус покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Барсело…