Откако пропадна трансферот на Давид Силва, Лацио сега ќе се насочи кон ѕвездата на Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми.
Лацио имаше договор со Давид Силва и се очекуваше Шпанецот да пристигне како големо засилување на „Олимпико“, но во последен момент тој потпиша за Реал Сосиедад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лацио после цели 12 години ќе игра во Лигата на шампиони и сака да го засили тимот со голема ѕвезда, па сега ќе се насочи кон Хамес Родригез од Реал Мадрид.
Колумбиецот е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“ и има неколку понуди на маса, а Лацио ќе се обиде да го убеди да се пресели во Рим.