Дома Фудбал Италија Лацио се спрема за натпревар кој нема да биде одигран

Лацио се спрема за натпревар кој нема да биде одигран

Коронавирусот повторно прави проблеми во Италија.

Лацио вечерва треба да игра против Торино, но на гостинскиот тим му е забрането да патува во Рим поради карантин. Претходниот натпревар на Торино кој требаше да се игра на 17. март беше одложен. Карантинот им е продолжен до вечерва до полноќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, правилникот на Серија А се коси со регулативите и препораките на докторите, затоа Лацио се спрема како натпреварот да биде одигра.

Ваква слична ситуација имаше на почетокот на сезоната кога Наполи не допатува во Торино. Прво победата од тој натпревар беше препишана на Јувентус, но по неколку жалби Наполи се избори дуелот да добие нов датум.

Изворите од Италија говорат дека Лацио ќе излезе на терен, Инзаги соопшти списокот на играчи за натпревари иако се знае дека дуелот нема да се одигра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…