Дома Фудбал Италија Лацио подобар од Рома за финале на Купот на Италија

Лацио подобар од Рома за финале на Купот на Италија

Лацио е првиот финалист во Купот на Италија, откако во полуфиналниот двомеч беше подобар од градскиот ривал Рома.

Лацио по победата во првиот меч од 2:0, во реваншот загуби со 3:2 и со вкупен резултат 4:3 се пласира во финалето каде го чека подобриот од полуфиналниот двобој помеѓу Наполи и Јувентус.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Лацио два пати водеше против Рома, најпрвион со голот на Милинковиќ-Савиќ во 37.минута, 0:1, а потоа и со погодокот на Имобиле во 55.минута, 1:2.

Првото водство на Лацио го поништи Ел Шарави, а второто Салах. Египѓанецот во последната минута погоди за 3:2, но недоволно за финале.

Наполи и Јувентус реваншот ќе го одиграат во среда, а по првиот натпревар „старата дама“ има предност од 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дали Мбапе го провоцира ПСЖ? Погледнете каква фотографија објави пред натпреварот вечерва (Фото)

Светското фудбалско првенство за клубови стигнува до самиот крај, откако Челзи вчера го ос…