Лацио игра сезона од соништата и после многу години повторно се бори за Скудетото, а еден од најзаслужните за таквиот успех е секако тренерот Симоне Инзаги.
Инзаги се етаблираше во еден од најдобрите тренери во Серија А, па Лацио сака по секоја цена да го задржи на „Олимпико“ и му понуди нов, побогат договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека двете страни договориле продолжување на соработката за нови три години, а Инзаги ќе добива 3 милиони евра по сезона.
44-годишниот стратег е на клупата на Лацио уште од април 2016. година. Тој успеа да го врати Лацио со врвот со одлична работа и освои вкупно три трофеи.
Лацио два пати го крена трофејот на Суперкупот на Италија и еднаш Купот на Италија, а оваа сезона е голема борба за титулата со Јувентус.