Дома Фудбал Се сменија работите: Гвардиола од денес веќе не е најплатен тренер во светот

Се сменија работите: Гвардиола од денес веќе не е најплатен тренер во светот

Поранешниот тренер на Интер, Симоне Инзаги, склучи двегодишен договор со саудискиот клуб Алј Хилал кој ќе му донесе 25 милиони евра по сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Со тоа, Инзаги се искачи на самиот врв на најплатените тренери на планетата, претекнувајќи го досегашниот рекордер, Пеп Гвардиола, од Манчестер сити.

Шпанецот, со својот нов договор со „граѓаните“, обезбеди 23 милиони евра годишно.

На ранг-листата на тренерите со највисоки примања се наоѓа уште еден Шпанец, „ученикот“ на Гвардиола, Микел Артета од Арсенал, кој е на третото место.

Договорот на Артета со Арсенал му носи 18.5 милиони евра годишно.

Покрај Артета, во топ десет најплатени стратези се уште двајца Шпанци, Луис Енрике и Унај Емери.

Дури седумина од тренерите со највисока заработка доаѓаат од англиски или саудиски клубови.

Највисоко платени тренери на светот

1. Симоне Инзаги (Ал-Хилал) – 25 милиони
2. Пеп Гвардиола (Манчестер сити) – 23
3. Микел Артета (Арсенал) – 18.5
4. Стефано Пиоли (Ал-Наср) – 18.5
5. Дејвид Мојс (Евертон) – 15
6. Диего Симеоне (Атлетико) – 13
7. Луис Енрике (ПСЖ) – 11.5
8. Матиас Јајсле (Ал-Ахли) – 11.5
9. Жозе Мурињо (Фенербахче) – 11
10. Унај Емери (Астон Вила) – 10

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…