Аргентинскиот напаѓач на Расинг, Лаутаро Мартинез наскоро треба да ги помине медицинските прегледи во Интер, тврдат италијанските медиуми.
Младиот Аргентинец треба да го облече дресот на „нероаѕурите“ на лето, но миланскиот клуб веќе постигна договор со неговиот клуб за трансфер од 20 милиони евра, плус одредени бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се очекува напаѓачот наскоро да ги помине медицинските прегледи кои ќе се спроведат во Аргентина. Подетални прегледи ќе се извршат во Милано, кога Мартинез ќе му се приклучи на Интер.
Аргентинецот важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка и игра во неверојатна форма, постигна 13 гола на последните 14 натпревари.