Дома Фудбал Најбогатите 20 фудбалски тимови на светот: Се соборија нови рекорди!

Најбогатите 20 фудбалски тимови на светот: Се соборија нови рекорди!

Најголемата ревизорска компанија во светот, Делоит, го објави годишниот извештај “Фудбал Мани Лига” кој ги анализира клубовите со најголеми приходи во светскиот фудбал. Сезоната 2024/25 донесе нови рекорди, бидејќи за првпат 20-те најбогати клубови заедно генерираа приходи над 12 милијарди евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако стана првиот фудбалски клуб кој оствари приход од милијарда евра во сезоната 2023/24, Реал Мадрид, вицешампион на Шпанија, повторно го надмина тој рекорд, постигнувајќи речиси 1,2 милијарди евра во сезоната 2024/25 (споредено со 1 милијарда евра во 2023/24), зацврстувајќи ја својата позиција како водечки клуб на светот, според анализата на компанијата. Шпанскиот клуб заработил 594 милиони евра од комерцијални активности, благодарение на зголемената продажба на промотивни производи и спонзорски договори. Само овој износ би бил доволен Реал Мадрид да се најде меѓу првите 10 клубови на овогодишната листа на Money League.

Список на 20-те најголеми клубови

  1. Реал Мадрид – 1.161.000.000 евра
  2. Барселона – 974.800.000 евра
  3. Баерн Минхен – 860.800.000 евра
  4. ПСЖ – 837.000.000 евра
  5. Ливерпул – 836.000.000 евра
  6. Манчестер сити – 829.300.000 евра
  7. Арсенал – 821.700.000 евра
  8. Манчестер јунајтед – 793.100.000 евра
  9. Тотенхем – 672.600.000 евра
  10. Челзи – 584.100.000 евра
  11. Интер Милано – 537.500.000 евра
  12. Борусија Дортмунд – 531.300.000 евра
  13. Атлетико Мадрид – 454.500.000 евра
  14. Астон Вила – 450.200.000 евра
  15. Милан – 410.400.000 евра
  16. Јувентус – 401.700.000 евра
  17. Њукасл – 398.400.000 евра
  18. Штутгарт – 246.000.000 евра
  19. Бенфика – 283.400.000 евра
  20. Вест Хем – 276.000.000 евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…