Дома Топ вести Лапорта го губи трпението: Потпишувај или заминувај!

Лапорта го губи трпението: Потпишувај или заминувај!

Барселона сака да го продолжи договорот на Осман Дембеле кој истекува во јуни 2022 година, но францускиот репрезентативец и неговиот агент го одложуваат состанокот.

На „Ноу Камп“ сметаат дека е вистинско време за продолжување, но во исто време има сомнежи дека Дембеле веќе има договор со друг клуб за да замине следното лето како слободен агент.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поради тоа Лапорта реши да стави крај на „играта“ на Дембеле и му постави ултматум. Французинот има рок до крајот на ЕП да стави потпис на нов договор или ќе биде продаден.

Многумина во Барселона ја поддржуваат идејата за негова продажба, бидејќи Дембеле има висока плата, па клубот со продажба може да ја наполни касата.

Дембеле пристигна на „Камп Ноу“ како замена за Нејмар за 135 милиони евра, но никогаш не ги оправда вложените средства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…