Дома Фудбал Репрезентации Лапорт наместо за Франција ќе игра за Шпанија

Лапорт наместо за Франција ќе игра за Шпанија

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт се одлучи во иднина да настапува за шпанската репрезентација.

Така фудбалската репрезентација на Шпанија неочекувано доби големо засилување за претстојното Европско првенство, бидејќи денеска шпанско државјанство доби Емерик Лапорт од Манчестер Сити.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Лапорт беше еден од најголемите француски таленти и беше дел од младинската селекција на Франција, но нема настап за сениорската репрезентација на „триколорите“.

Тој го искористи новото правило на ФИФА дека играч кој до својата 21 година играл помалку од пет меча за една земја, да смее да игра за друга.

Сезонава Лапорт има 27 настапи за Манчестер Сити, па сигурно ќе биде големо засилување за Луис Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид заврши спектакуларно засилување, а сега тргнува по ѕвезда од 100 милиони евра

Реал Мадрид го заврши првото засилување за летниот трансфер период. Тоа ќе биде чудесниот …