Поранешниот фудбалер на Челси, Френк Лампард за ББС зборуваше за најтешките противници кој ги имал во средината на теренот.
Нормално, повод беше вчерашниот прошталнен настан пред домашната публика на Етихад, а Лампард токму него го стави во петте најтешки играчи од средниот ред со кои се сретнал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јаја Туре е меѓу петте најтешки играчи од средниот ред против кој сум играл. Стивен Џерард е најдобриот, поради неговата константност, но и Јаја е исто така во врвот на листата заедно со Виеира, Рој Кин и Пол Сколс.“
Да потсетиме, Туре синоќа се опрости од Етихад и ќе го напушти Сити после полни осум години и три титули првак на Англија. Тој сигурно важи за еден од најдобрите играчи кои во изминатиот период играле во ПЛ.
Кога е во прашање Лампард, тој поголемиот дел од кариерата ја помина во Челси. За сините играше од 2001. до 2014 година и за тоа време забележа преку 400 настапи и 147 голови.