Тренерот на Барселона, Роналд Куман сака по секоја цена да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.
Не е тајна дека Барселона го сака Ерик Гарсија, но Манчестер Сити нема да го пушти во јануари, па тој може да пристигне на лето како слободен агент.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Весникот тврди дека Барселона е во пол-позиција за потписот на Рудигер, кој е на излезна врата од Челзи.
Германскиот репрезентативец не добива минутажа во Челзи е сигурно ќе ја промени средината во јануари, па двете страни се блиску до договор.
Рудигер во јануари треба да пристигне на „Камп Ноу“ на позајмица со право на откуп.