Дома Фудбал Англија Лампард може да го замени Роџерс во Лестер

Лампард може да го замени Роџерс во Лестер

Бившиот менаџер на Челзи, Френк Лампард е заинтересиран за тренерското столче во Лестер, пренесуваат англиските медиуми.

Лапмард беше силно поврзуван со клупата на Норвич, но после првичните преговори реши да ја одбие понудата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


43-годишниот Лампард сака да седне на клупата на Лестер, бидејќи се погласни се шпекулациите дека Брендон Роџерс ќе го напушти клубот.

Роџерс наводно веќе има договор со Манчестер Јунајтед  доколку Солскјер добие отказ тој веднаш ќе се пресели на „Олд Трафорд“, а во спротивен случај ќе ги преземе „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.

Поради тоа Лампард е спремен да ги одбие сите понуди бидејќи негова желба е да седне на кормилото на Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски погоди за Ренџерс и го носи кон осминафинале во Купот на Шкотска (Видео)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски во 12. минута од мечот против Анан се запиша во листата…