Менаџерот на Челзи, Френк Лампард е многу задоволен од квалитетите на Кристиан Пулишиќ и смета дека клубот направил вистински потег што го донесе на „Стенфорд Бриџ“.
Пулишиќ синоќа постигна два гола во победата над Салцбург и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за „сините“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Челзи направи вистински потег со потписот на Кристиан Пулишиќ. Во натпреварот со Салцбург, тој демонстрираше зрела игра, без оглед на неговата млада возраст. Тој работи со исклучителна класа, се развива секој ден, со секоја тренинг сесија. Да, ќе му биде тешко да се прилагоди на фудбалот во Премиер Лигата, но тој ќе стане лидер на тимот“, изјави Лампард.
Челзи го договори трансферот на Пулишиќ уште во јануари, а американскиот репрезентативец ќе има тешка задача, да го замени Азар во тимот.