Дома Трансфер зона Лалана се сели во Лестер

Лалана се сели во Лестер

Лестер е фаворит за потписот на играчот на Ливерпул, Адам Лалана, пренесуваат медиумите на Островот.

31-годишниот Англичанец чии договор со Ливерпул истекува на крајот на сезоната најверојатно кариерата ќе ја продолжи во дресот на „лисиците“.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според медиумите, клучна улога во неговиот избор може да одигра менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс. Токму Роџерс го донесе Лалана во Ливерпул во 2014 година.

За Лалана, покрај Лестер интерес покажуваат уште Тотенхем, Арсенал и Вест Хем, но „лисиците“ во моментов се фаворити за неговиот потпис.

Наводно преговорите се во напредна фаза, па можно е наскоро Лалана да потпише преддоговор со Лестер. Англичанецот оваа сезона има 19 настапи за Ливерпул, но претежно е втор избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја сака ѕвездата на Кристал Палас

Ливерпул е силно заинтересиран за напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, пренесуваа…