Дома Фудбал Англија Лалана го продолжи договорот со Ливерпул, ќе добие шампионски медал

Лалана го продолжи договорот со Ливерпул, ќе добие шампионски медал

Играчот за врска Адам Лалана денес стави потпис на краткорочен договор со Ливерпул , потврдија од клубот.

Договорот на Лалана со Ливерпул истекуваше на 31-јуни оваа година, но поради настанатата ситуација сезоната во Премиер лигата ќе заврши во август.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Со новиот договор Лалана се обврза дека ќе ја доигра сезоната со „црвените“, а тоа значи дека ќе добие шампионски медал, со оглед на фактот дека Ливерпул е многу блиску до титулата.

Потоа играчот ќе биде слободен да потпише за нов клуб без обештетување, а како фаворит за неговиот потпис важи Лестер.

Лалана оваа сезона до сега запиша 22 меча за Ливерпул од кои 15 во Премиер лигата.

„Се случи тоа што требаше да се случи. Се радувам многу што Адам ќе биде со нас до крајот на сезоната и ќе може да го добие згобувањето кое го заслужува. Ќе му помогне на тимот во остатокот на сезоната“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…