Репрезентацијата на Македонија денес го одработи првиот тренинг пред баражот за двомечот со Романија.




В четврток нашите ракометари ќе ги пречекаат Романците во еден од најважните натпревари откако Кирил Лазаров е на селекторската позиција.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„И пред Европското првенство претпоставувавме дека за пласман на СП ќе треба да играме бараж. Тоа ми беше во глава и кога ја преземав селекторската функција. Пасквал е познат тренер кој помина 12 години во Барселона. Сигурен сум дека Романија со него доби на сериозност и квалитет. Добро го познавам Чави и сигурен сум дека ќе подготви некои изненадувања, но како што тој ме знае мене и јас го познавам него“.




„Имаме работи кои треба да ги поправиме, а простор за напредок има секогаш. Семтам дека сум на добар пат, изгледаме сериозно и сигурен сум во добар настап“, изјави Лазаров.




Два дена по натпреварот в четврток не очекува реваншот на гостински терен во Букурешт.