Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, застана во одбрана на своите избраници и покрај двата пораза на стартот на Европското првенство.
Лазаров, кој поради повреда не беше во можност да даде придонес на паркетот истакна дека верува во репрезентативците.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Уште од моето доаѓање на селекторската функција знам која ни е целта. Поразот од Црна Гора боли, но сакам да истакнам дека она за што се подготвувавме не ни успеа поради многу фактори. Не барам алиби, но ова не е иста репрезентација без Дејан Манасков, без Кирил Лазаров, без Стојанче Стоилов, без Николче Митревски кој дополнително ни се приклучи, без Марковски, Ојлески, невакцинираните итн. Планот беше да дојдеме комплетни, но се случи тоа што се случи и изгубивме два натпревара. Првиот гордо, со многу борба, жар и мислевме дека ќе биде лесно со Црна Гора. Прифаќам критика“, истакна Лазаров.
„Анализирајќи го натпреварот, увидов дека сме на добар пат. Почнуваме од нула. Оптимист сум. Верувам во нив, можеби повеќе од нив самите. Им фали победнички менталитет. Играме брз, модерен ракомет. Вчера на наши грешки изгубивме. Имам комплетно јасна слика за сите. Не само играчки, туку и карактерно за секој од нив. Јас не се предавам. Цврсто стојам дека имаме напредок, само тоа треба да го преточиме на теренот во добри резултати, победи, пласман на СП 2023“, рече Лазаров.