Челните луѓе на Ла Лига започнаа истрага против играчите на Барселона за нарушување на протоколите за Ковид 19, пренесуваат шпанските медиуми.
Причината е собирањето на фудбалерите во домот на Лео Меси, каде беа прекршени препораките за бројот на луѓе собрани на едно место.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од клубот одрекуваат дека имаат одговорност за споменатиот собир и сметаат дека тука нема прекршувања бидејќу играчите се секој ден заедно во „балон“ во тренинг центарот.
Проблем е што на собирот присуствувале и понежните половини на фудбалерите. Ла Лига започна истрага против играчите, но не и против клубот, бидејќи тоа било приватна забава.
🚨🚨[COPE] | La Liga opens investigation against Messi and Barça players for violating protocol rules yesterday. pic.twitter.com/gwYdfgprTh
— BarçaTimes (@BarcaTimes) May 4, 2021