Филипе Кутињо изјави дека трансферот во Барселона за него е остварување на сонот и дека немало да го напушти Ливерпул за ниту еден друг клуб на светот.
Ливерпул за Кутињо доби 142 милиони фунти, а Бразилецот тврди дека не се преселил на „Камп Ноу“ поради пари и дека еден ден ќе се врати на „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не станува збор за пари, туку за шансата да играм во Барселона и да живеам во тој град. Давав 100% од себе си цело време додека играв за Ливерпул – пет години. Го сакам тој клуб, но сметам дека е време за ново поглавје во кариерата. Имам толку многу спомени и толку многу луѓе на кои сум му благодарен во Ливерпул. Треба да се развивам како играч, тоа е најважно“, истакна Кутињо.
„Сакам да играм со најдобрите во светот, меѓутоа јас ќе се вратам во Ливерпул за да се збогувам со моите соиграчи, тренерите и раководството, кои ми беа како семејство. Многу им должам, сега е време да погледнам напред“, заклучи Бразилецот.
A remarkable interview with a remarkable player…
What do you make of this? https://t.co/Ox5LDyTMcM
— Liverpool FC News (@LivEchoLFC) January 8, 2018
„Ливерпул е во добра позиција, тимот е составен од многу добри фудбалери. Трансферот на Ван Дијк е многу добра зделка, а Салах е неверојатен фудбалер. Ќе гледам како освојуваат трофеи и секогаш ќе се радувам на нивните успеси“, додаде Кутињо.