Дома Трансфер зона Кутињо може да се врати во Интер

Кутињо може да се врати во Интер

Бразилецот Кутињо скоро сигурно ќе ја напушти Барселона ова лето.

Кутињо на почетокот на 2018 година стигна во Барселона како големо засилување од Ливерпул за неверојатни 160 милиони евра. Бразилецот стана најскапо засилување во историјата на Каталонците, но не ги оправда очекувањата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Барселона сака да го продаде за да се ослободи од неговата висока плата и да спаси дел од големите бонуси кои треба да му ги плати на Ливерпул.

Јасно е дека за Кутињо нема голем интерес, па Интер сака да ја искористи шансата и да го врати во Милано. „Нероаѕурите“ останаа без Ериксен, кој нема да може да игра после срцевите проблеми, па во Бразилецот гледаат идеална замена.

Интер го сака Кутињо на позајмица со право на откуп следното лето, но Бразилецот ќе мора да прифати многу помала плата за да се врати на „Џузепе Меаца“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…