Фудбалерот на Барселона, Паулињо не крие дека ќе биде воодушевен доколку на Камп Ноу дојде неговиот соиграч од репрезентацијата Фелипе Кутињо.
Играчот на Ливерпул веќе неколку месеци назад фигурира како најголема желба на Барселона, а откако трансферот летоска пропадна, се чини дека сега ништо не може да го запре.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Паулињо дури го советувал да биде уште малку трпелив, тврдејќи му дека наскоро ќе бидат заедно.
„Го советував да биде трпелив и смирен. Јас во Кина поминав низ истите работи, каде со главата веќе бев во Барселона. Тоа е град кој тој го познава многу добро, бидејќи играше за Еспањол. Му зборував веќе за некои основни работи за екипата, за тренинзите и прифаќањето во соблекувалната. Често се шегувам со нив дека веќе му пронашле и куќа овде. Знам колку му е важно семејството, а исто така тој знае колку Барселона е идеална за живот. Овде имате се.“ – изјави Паулињо за Мундо Депортиво.