Шпанските медиуми веќе подолго време тврдат дека следното лето главна трансфер цел на Реал Мадрид ќе биде доведување на квалитетен голман, а Тибо Куртоа се наведува како прв избор на „кралевите“.
Медиумите тврдат дека наводно и самиот Куртоа не е среќен во Лондон, па сакал да се врати во Мадрид каде што живее неговата сопруга и ќерката.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Поради тоа белгискиот голман често се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, па после подолго време се огласи и самиот Куртоа.
„Не, нема да одам во Мадрид. Во овој момент уживам во успесите кои ги остваруваме во Челси и концентриран сум само на тоа. Уживам многу во Челзи и концентриран сум на тоа да го завршам првенството на најдобар можен начин. Моите мисли се само тука“, истакна Куртоа