Oд 9-ти јануари до 6-февруари 2022 година во Камерун планирано е одржување на Купот на африканските нации.
Сепак, многу лесно може да се случи турнирот воопшто да не се одржи, а причината е пандемијата со коронавирусот. Челниците на ЦАФ наводно размислуваат турнирот во целост да се откаже, а според некои наводи на Европската асоцијација на фудбалери испратила допис до репрезентациите во кој се наведува дека клубовите нема да ги пуштат своите играчи на овој турнир поради недостаток на здравствена заштита.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ваквиот расплет сигурно би бил добар за европските клубови кои сред сезона не би морале да ги испратат своите играчи во репрезентациите. Но, за сите останати, посебно за навивачите во Африка ова се лоши вести.
Ќе потсетиме, овој турнир веќе еднаш е одложен со оглед на тоа дека требаше да се одржи уште оваа година.