Денес со почеток од 14:00 својот натпревар од ¼ финалето на македонскиот куп го одиграа двете најдобри македонски екипи Вардар и Шкендија.
Натпреварот кој заврши без победник 1:1 се одигра на националната арена „Филип Втори“. Во првите 45 минути Шкендија беше тимот кој повеќе закануваше, но сепак погодоци немаше, на полувреме се замина со 0:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот дел Вардар прикажа нешто подобра отколку во првите 45 минути. Но, гостите од Тетово беа тие кои први стигнаа до предност. Бесарт Ибраими во 63 минута во еден соло продор по левата страна испрати удар покрај Тошевски и успеа да го совлада Гачевски за водство на Шкендија од 0:1.
Вардар до изедначување стигна петнаесетина минути подоцна. Хуан Фелипе кого скоро и да го намеше никаде во текот на целиот натпревар успеа да погоди со мало ремек дело од слободен удар и да ги постави конечните 1:1.
Реваншот е закажан за 7 март кога и ќе биде одлучен патникот во следната фаза.