Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Шкендија го елиминираше Вардар, Штипјани ги скротија „лавовите“

Куп на Македонија: Шкендија го елиминираше Вардар, Штипјани ги скротија „лавовите“

Денес од 13:30 часот беа одиграни реванш натпреварите од Купот на Македонија.

Најголемото изненадување го приреди штипска Брегалница која после победата од 1:0 на свој терен денес одигра 0:0 против Македонија во Ѓорче и така ги елиминираше „лавовите“ од купот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поради моменталната форма за изненадување може да се смета и тоа што Шкендија го елиминираше Вардар. Вардар во Скопје беше многу подобар тим, но одигра само 2:2, а денес во под Шара Шкендија победи со 1:0.  Единствениот гол на натпреварот го постигна Ибраими во 74-тата минута од натпреварот.

Работнички и покрај кризата со која игра во првенството беше убедлив и со 4:0 го победи Пелистер.

Струга Трим Лум го елиминираше Борец со минимална победа, Академија Пандев и во реваншот го победи Осогово, овој пат со 1:4. Силекс и Шкупи одиграа 1:1, а тој резултат беше поволен за тимот од Чаир, Лабуништа на гости со 2:3 триумфураше и го елиминираше Охрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…