Дома Фудбал Куман:Реал не е ранлив, ќе биде тешко

Куман:Реал не е ранлив, ќе биде тешко

Тренерот на Барселона, Роналд Куман очекува дека натпреварот против Реал Мадрид ќе биде исклучително тежок за неговиот тим.

Реал Мадрид во лоша форма доаѓа на „Камп Ноу“, но Куман верува дека „кралевите“ ќе бидат силно мотивирани.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„На последните два натпревари, Реал можеби нема постигнато добри резултати, но тоа не значи дека немаат самодоверба. Тие имаат многу искусни фудбалери и знаат дека мора да го добијат натпреварот по двата порази. Не мислам дека она што се случува во последно време ќе влијае на нив. Кога правите грешки, сакате да се подобрите. Не очекувам да го видам Реал ранлив“, изјави Куман.

„Натпреварот против Мадрид е секогаш специјален за нас. Сакаме да направиме чекор напред и да добиеме самодоверба за да покажеме дека сме на вистинскиот пат. Натпреварот ќе биде изедначен. Двете екипи имаат голема класа и искуство. Овие натпревари се решаваат со детали како што е поседот на топка или пресингот против противникот“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …