Дома Фудбал Куман пред отказ, познат фаворитот за негов наследник

Куман пред отказ, познат фаворитот за негов наследник

Барселона доживеа убедлив пораз од Бенфика во второто коло од Лигата на шампиони (3:0) и тоа го вклучи алармот на „Камп Ноу“.

Куман после лошите резултати на стартот на сезоната сериозно ја загрози својата позиција и Барселона размислува да му врачи отказ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Каталонските медиуми пишуваат дека Куман го загуби компасот и мора што побрзо да си замине од клупата. Но, проблемот е што претседателот Жоан Лапорта не може да најде квалитетно решение.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека фаворит за нов тренер на Барселона во моментов е Андреа Пирло.

Како опција за нов тренер се споменуваше и Роберто Мартинез, но Лапорта ќе одржи почетни преговори со Пирло затоа што е прашање на време кога Куман ќе замине од кормилото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…