Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Куман отворено ја критикуваше Барселона: За нивниот ризик ние ја плаќаме цената!

Куман отворено ја критикуваше Барселона: За нивниот ризик ние ја плаќаме цената!

Френки Де Јонг ќе го пропушти Европското првенство поради повреда, а за неговата ситуација селекторот на Холанѓаните, Роналд Куман ја обвини Барселона.

Де Јонг со истата повреда се мачи од 3. март и од тој период одигра три натпревари за Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последен пат на теренот беше во „Ел Класико“ на 21. март кога беше заменет на полувремето и од тој момент повеќе не се врати на терените.

„За жал нема да биде спремен за три недели. Френки има историја на оваа повреда и мораме да мислиме на неговото здравје. Клубот одлучи да ризикува и сега ова е цената која ние мораме да ја платиме“, изјави Куман кој во минатото беше и тренер и фудбалер на Барселона.

Холандија на Европското првенство ќе игра во група со Австрија, Франција и Полска. Ќе потсетиме, турнирот на најдобрите европски селекции започнува во петок со натпреварот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Меси: Барселона е мојот дом и ќе се вратам еден ден

Лионел Меси во моментов игра за Интер Мајами, но по завршувањето на кариерата ќе се врати …