По повеќе од 100 дена разговори, преговори, анализи и пресметки, Фудбалскиот сојуз на Холандија пресече – нов селектор на репрезентацијата ќе биде Роналд Куман.
Оваа информација ексклузивно ја објави холандски Телеграф, кој во ваквите ситуации никогаш не греши. Истиот извор наведува дека договорот ќе биде потпишан до СП во Катар 2022. година, а официјалната промоција е закажана за седум дена од сега.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Куман пред три месеци заработи отказ од Евертон по серијата лоши резултати, иако во засилувања вложи атрономски 150 милиони евра. Искусниот стратег има 54 години и доаѓа на местото на Дик Адвокат, кој не успеа да го поправи она што Дани Блинд го уништи во текот на квалификациите за СП во Русија. Поради тоа „Лалињата“ останаа без големото натпреварување. Роналд Куман беше сериозен кандидат уште во 2014. година, по заминувањето на Луи Ван Гал, но тогаш пред него шанса доби Гус Хидник.
Идејата на челните луѓе на холандскиот сојуз овојпат беше да ангажираат странец, прв по 1978. година, кога екипата ја предводеше Австралијанецот, Ернст Хапел, меѓутоа финансиите пресудија и одлуката падна тоа да биде Куман.