Дома Актуелно Куман: Ако ситуацијата на Де Лихт не се промени ќе размислам дали ќе биде стартер

Куман: Ако ситуацијата на Де Лихт не се промени ќе размислам дали ќе биде стартер

Холандскиот стопер Матијас Де Лихт не го криеше разочарувањето од поради тоа што остана на клупата во првото коло од Серија А во кое Јувентус играше против Парма.

Сари одлучи предност во првото коло да добијат Киелини и Бонучи. Токму Киелини беше стрелец на голот кој го одлучи натпреварот. Изоставувањето на Де Лихт од првиот тим на Јувентус беше и една од главните теми во Холандија, па сега на истата зборуваше и Роналд Куман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не сум загрижен и нема зошто да бидам, ова беше само прв натпревар. Но, ако ситуацијата не се промени до октомври тогаш можеби и ќе размислувам дали Де Лихт го има потребниот ритам за да биде дел од првиот тим во репрезентацијата“, отворено порача Куман, а потоа и ја објасни ситуацијата.

„Јувентус за него плати скоро 80 милиони евра и поради тоа сите очекуваат дека ќе игра. Меѓутоа ако погледнеме од друга страна Јувентус ги има Киелини и Бонучи и тренерот може има друга замисла. Зборував со Матијас пред две недели, тогаш тој ми кажа дека треба да се адаптира на играта во одбраната која ја практикува Јувентус и дека таа е поразлична од онаа во Ајакс“, откри Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…