Весникот „Тутоспорт“ традицијално секоја година ја доделува наградата „Голден Бој“ за најдобар млад фудбалер во Европа.
Весникот ги објави номинираните, а меѓу нив е и фудбалерот кој има македонски корени, Дејан Кулушевски, кој во јануари потпиша за Јувентус.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Покрај Кулушевски кандидати се Ансу Фати од Барселона, дваоецот на Борусија Дортмунд Џејсон Санчо-Ерлинг Халанд, Фил Фоден од Манчестер Сити, Сандро Тонали од Бреша, Габриел Мартинели од Арсенал, Родриго од Реал Мадрид…
Претходни победници на оваа награда се имиња како Лионел Меси, Вејн Руни, Серхио Агуеро, Пол Погба, Рахим Стерлинг, Килијан Мбапе и Матијс де Лихт.