Дома Фудбал Репрезентации Кулушевски: Ако Роналдо има свој ден се може сам да реши

Кулушевски: Ако Роналдо има свој ден се може сам да реши

Шведска и Португалија ќе имаат нов дуел после првата која беше во септември и кога Роналдо постигна два гола.

Пред утрешниот нов натпревар помеѓу овие две селекции зборуваше Дејан Кулушевски. Кулушевски истакна големи пофалби за неговиот соиграч од Јувентус Кристиано Роналдо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Невозможно беше да се запре Роналдо во првиот натпревар, никој не може тоа да го направи. Ако Роналдо има свој ден, тогаш се може сам да реши. Утре ќе имаме нов судир, сега ќе биде позабавно затоа што подобро се запознавме“, изјави Кулушевски.

Ќе потсетиме Кулушевски после крајот на минатата сезона се придружи на италијанскиот шампион и имаше добар старт во редовите на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид подготвувал спектакуларна размена со Арсенал – познато кои фудбалери биле вклучени

Реал планираше да размени играчи со Арсенал. Бразилскиот напаѓач Родриго (24) ќе заминеше …