Tим Крул вчера беше херој на Норвич во пенал рулетот против Тотенхем.
Искусниот холандски голман одбрани два пенали и ги одведе Канаринците во четвртфиналето од ФА Купот каде што ќе играат против победникот од денешниот дуел помеѓу Дерби и Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Крул бил спремен за пенали во овој натпревар, па така на неговото шише на вода си напишал каде најчесто шутираат фудбалерите на Тотенхем.
На крајот неговата анализа се покажа како добра. Тој ги одбрани пеналите на Трој Парот и Жедсон Фернандес, додека Ламела погоди пречка.
Крул и претходно важеше за мајстор за бранење пенали, а оваа сезона на играчите на Манчестер Јунајтед во едно полувреме им одбрани дури два удари од 11 метри.
Tim Krul knew Tottenham stars' penalties due to clever bottle trick
— SportsObama.com (@SportsObama) March 5, 2020
Dier – R (he went left and Krul followed him but it was too much for the goalkeeper)
Lamela – L (missed as his shot hit the upright)
Lo Celso – L (he went left and found the net)
Troy Parrott – R pic.twitter.com/SVEG6rGvc3