Дома Македонски спорт Мак фудбал Крстот во Барса не пречи, но во ФК Скопје проблем!

Крстот во Барса не пречи, но во ФК Скопје проблем!

ФК Скопје пред само 17 дена го доведе фудбалерот Флорент Османи од редовите на Шкупи, но тој повеќе не e член на ФК Скопје.

Како што открива самиот фудбалер, тој заминува поради логото на на ФК Скопје на кое има и крст.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Клубот ми понуди да го покрие амблемот на мојот дрес, но тоа не беше решение, јас сум голем верник и не сакам да одам против мојата вера. Жал ми е што морам да заминам, сите во клубот одлично ме примија, но ова е посилно од мене. Религијата е нешто свето за мене“, изјави Османи за Инфоспорт кој се очекува во текот на денот да биде повикан во клубот на состанок, на кој двете страни ќе ја прекинат соработката.

Mината сезона, Османи беше дел од Лирија во Косово. Додека во Македонија покрај Шкупи го носеше дресот и на Гостивар.

Сеуште не е откриено каде овој 29 годишен фудбалер ќе ја продолжи кариерата после прекининувањето на соработката со тимот на ФК Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…