Дома Фудбал Англија Крос после Мундијалот прави изненадувачки трансфер?

Крос после Мундијалот прави изненадувачки трансфер?

Репрезентативецот на Германија Тони Крос би можел после Светското првенство во Русија да направи изненадувачки трансфер, ако се верува на она што го пишува шпански АС.

Со оглед дека Германците брзо се вратија дома од Мундијалот, некои од нивните фудбалери ќе имаат повеќе време пред стартот на новата сезона евентуално да го променат тимот, а еден од нив е и Крос.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Како што наведува АС, Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран ова лето конечно да го донесе Крос. Зошто конечно? Затоа што Јунајтед и Сити веќе неколку години се поврзуваат со Германецот, но никако тоа на крајот да се реализира.

АС пренесува дека Реал не ни помислува да го продаде својот фудбалер, кој е една од главните алки во тимот. Но, Манчестер Јунајтед очигледно ја води политиката “вреди да се обидеме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aдеми ова лето ќе замине од Динамо: Познато и каде ќе продолжи?

Капитенот на Динамо, Аријан Адеми, набргу треба да замине од клубот. Откако се врати во Ди…