Плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос е воодушевен од игрите на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл.
На официјалниоит Твитер профил Крос одговараше на интересни прашања, а едно се однесуваше за „неговиот наследник“.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Германецот како свој наследник го посочи сонародникот Јулијан Вајгл, кој оваа сезона блеска во дресот на Борусија Дортмунд.
„Јулијан Вајгл ќе биде играч од светска класа”, одговори Тони Крос.
21 годишниот Јулијан Вајгал со своите партии го привлече вниманието на гигантите, па за неговиот потпис сериозен интерес покажуваат Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити.