Кристијано Роналдо пред неколку дена се врати на тренинзи во Јувентус.
Меѓу играчите на Јувентус кои денеска тренираа имаше и еден специјален гостин на славниот Португалец.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Имено, Роналдо денеска со себе го донесе и синот Кристијано Јуниор, а откако завршил главниот дел од тренингот, двајцата тренирале заедно.
Роналдо и неговиот син одработиле неколку вежби, а Кристијано сениор на Инстаграм се пофали со своите тркачки способности.
Без оглед на двомесечната пауза јасно е дека најпопуларниот фудбалер на денешницата воопшто не ја загубил експлозивноста и брзината.