ФИФА вчера објави дека Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах се номинирани за освојување на наградата Златна топка која се доделува на најдобриот играч на светот.
Фудбалската јавност е изненадена што во оваа конкуренција не се најде Лео Меси кој ја освои двојната круна со Барселона и ја доби златната копачка за најдобар стрелец во Европа. Сепак, ФИФА верува дека Роналдо, Модриќ и Салах направиле повеќе од Меси и тие се првиот избор за Топ 3.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, многумина забележаа дека Кристијано Роналдо воопшто веќе не се споменува во објавите на Реал Мадрид околу номинацијата иако благодарение на играта во овој клуб е номиниран за оваа награда. Реал Мадрид објави дека се горди што Модриќ се најде во трка за оваа награда, а Бејл за гол на годината.
?⚽3⃣ @lukamodric10 está entre los finalistas al Premio The Best al Jugador de la FIFA 2018! #HalaMadrid pic.twitter.com/rlckDLdTrT
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 3, 2018
?⚽?La chilena de @GarethBale11 en la final de la Champions, nominada al Premio Puskas 2018. #RMUCL pic.twitter.com/ZiqqYjIfUD
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 3, 2018