Досегашниот претседател на Лион Жан-Мишел Ола се повлече денес по скоро 36 години поминати на чело на францускиот фудбалски гигант. Должноста Ола ја предаде на Џон Текстор кој го купи клубот минатиот декември.
Прво се најавуваше дека Ола ќе остане на својата позиција уште три години откако американската компанија „Игл Фудбал Холдинг“ купи поголем дел од акциите, но набрзо околу двете страни се појавија несогласувања околу политиката на водење на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лион денес соопшти дека 74-годишниот Ола ќе остане во клубот како почесен претседател, но Текстор ќе ја преземе функцијата извршен директор и ќе ги носи главните одлуки.
За предвременото зпрепуштање на функцијата Ола ќе добие сума од десет милиони евра, но ќе остане да поседува девет проценти од акциите на клубот.
Жан-Мишел Ола го презема Лион во 1987 година и со овој клуб освои седум титули шампион на Франција. Освен Лион, Текстор има акции во Кристал Палас, бразилскиот Ботофаго и белгискиот Моланбек.
Communiqué de presse : John Textor devient Président-Directeur général. Jean-Michel Aulas sera nommé Président d’honneur.
— Olympique Lyonnais (@OL) May 8, 2023
OL Groupe remercie très sincèrement Jean-Michel Aulas pour son engagement et son dévouement sans réserve envers l’Olympique Lyonnaishttps://t.co/nT8k5zve1j