Дома Топ вести „Кралевите“ спремаат две зимски трансфер „бомби“

„Кралевите“ спремаат две зимски трансфер „бомби“

Реал Мадрид оваа сезона не воодушевува со настапите, иако е лидер во Примера, сепак го имаше најслабиот свој старт во историјата на Лигата на шампиони.

Поради тоа тренерот Зинедин Зидан сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, особено средниот ред.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Марка“ објави дека Кристијан Ериксен од Тотенхем и ѕвездата на Ајакс Дони Ван де Бек ќе му бидат приоритет на тренерот на Реал во јануари.

Плејмејкерот на Тотенхем би пристигнал за многу помала цена од реалната, зашто на лето му завршува договорот. Некои медиуми тврдат дека Данецот веќе има договор со „кралевите“, кои ќе се обидат да го донесат во Мадрид шест месеци претходно.

Што се однесува до другата мета, Ајакс го проценува Ван де Бек на околу 50 милиони евра, сума која Реал е спремен да ја плати, но самиот играч не сака да ја промени средината на среде сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…