Елиминацијата од Лигата на шампионите не беше единствен проблем со кој се соочи Пол Погба во таа вечер.
Крадци влегле во домот на Погба додека тој бил на натпреварот со Јунајтед против Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во минатата ноќ моето семејство го имаше најлошипт кошмар, нашиот дом беше ограбен додека нашите бебиња спиеа во спалната. Крадците се задржале во домот пет минути и за тоа време земале нешто повредно за нас од се што имаме во домот…нашето чувство за безбедност и сигурност“.
„Се се случувало во последните минути од натпреварот кога знаеле дека нема да бидеме дома. Заедно со мојата сопруга брзавме накај дома незнаејќи дали нашите деца се безбедни и неповредени. За еден татко нема полошо чувство од тоа да не можеш да бидеш на лице место да си ги заштитиш своите деца. Се надевам дека никој никогаш нема да го почувствува тоа што го почувствував јас“, порача Погба.