Европското првенство дојде до самата завршница и пред нас утре и задутре се полуфиналните двојки во кои ќе сретнат Шпанија – Италија и Данска – Англија.
Луѓето задолжени за статистиката забележаа еден интересен податок во нокаут фазата. Имено, после две елиминациски фази и 12 натпревари, на девет од нив имало репрезентација која играла во бели дресови и девет пати победила таа селекција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само на натпреварите Белгија – Португалија, Украина – Шведска и Италија – Австрија ниту една од репрезентациите не носела бели дресови.
Во останатите дуели од нокаут фазата победила репрезентацијата која играла во бели дресови.