Дома Фудбал Репрезентации Кој ќе ја води Италија против Македонија? Пет кандидати за наследник на Манчини

Кој ќе ја води Италија против Македонија? Пет кандидати за наследник на Манчини

Италија на помалку од еден месец до натпреварот со Македонија остана без селектор откако Роберто Манчини изненадувачки поднесе оставка.

ФИГЦ попладнево официјално го потврди заминувањето на Манчини.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Манчини на кормилото на италијанската репрезентација седна во мај 2018 година и најголемиот успех го направи со освојувањето на Европското првенство.

Во италијанските медиуми веќе се споменуваат имињата на кандидатите за нов селектор.

Во потесниот круг наводно се Антонио Конте и Лучијано Спалети кој е без ангажман откако на Наполи му го донесе Скудетото минатата сезона по пауза од 33 години. Конте од друга страна веќе беше селектор на Италија од 2014. до 2016 . година.

Покрај Конте и Спалети кои важат за фаворити „Скај Спорт“ ги споменува имињата на Фабио Канаваро, Џенаро Гатузo и Даниеле Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…