Дома Фудбал Италија Кој ќе биде шампион доколку Наполи и Јувентус имаат ист број на бодови?

Кој ќе биде шампион доколку Наполи и Јувентус имаат ист број на бодови?

Италијанската Серија А оваа сезона е далеку највозбудлива од најсилните пет лиги, а вечерашната победа на Наполи во Торино над Јувентус дополнително ја разгори ситуацијата четири кола пред крајот.

Јуве има 85, а Наполи 84 бода и до крајот на првенството се е навистина отворено. Наполи има полесен распоред од Јувентус, кој ќе им гостува на Интер и Рома, но бодот предност кој го има Јуве во моментов можеби да биде и клучен. Јувентус во Наполи славеше со 1:0, а Наполи со идентичен резултат славеше во Торино. Затоа, двата клуба имаат ист меѓусебен скор и, во случај на еднаков број на бодови до крајот на сезоната ќе одлучува гол разликата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


И едните и другите имаат импресивна гол разлика, но Јувентус сепак има многу подобра. „Старата дама“ има +58 (78:20), а Наполи +48 (71:23) и тешко е да се очекува дека ситуацијата во овој сегмент ќе се промени, бидејќи до крајот има уште четири натпревари. Во секој случај, Наполи и Јувентус до крајот на сезоната ќе водат мртва трка и ќе одлучуваат нијанси. Но, ако бидат изедначени, шампион ќе биде Јувентус и тоа е мала утеха за нив по вчерашниот проаз кој ја искомплицира работата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…