Дома Македонски спорт Костовски од Токио: Имаме најголем спортски резултат во независна Македонија, но тука сме за – злато!

Костовски од Токио: Имаме најголем спортски резултат во независна Македонија, но тука сме за – злато!

Дејан Георгиевски веќе направи голем успех обезбедувајќи сигурно сребро за Македонија на Олимписките игри во Токио, а некаде околу 14:30 часот го чека финалето против Владислав Ларин во Русија.,

По големата победа на социјалните мрежи се огласи тренерот на Георгиевски, Дарко Костовски.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Господе волјата е твоја !ДЕНЕСКА ТАЈФУН ВО ТОКИО, ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ОД МАКЕДОНИЈА! СТАНИ МАКЕДОНИЈО, ДИГНИ ГЛАВА ВИСОКО !МАКЕДОНИЈА ИМА ЛАВ, ЈУНАК, СПОРТСКА ИКОНА ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ !!!За прв пат во независна Македонија одиме во финале на олимписки игри, во полуфинале го победивме Ин Кјо Дон од Кореа, од земјата лулка на овој олимписки спорт ! Во финале не чека актуелниот светски шампион во категорија -87кг(за да е на јавноста појасно на олимписки игри во таеквондо се фузираат две категории -87 и +87 значи дупла конкуренција) светски шампион Владислав Ларин од Русија, македонско време 14:30 часот !За сега го имаме најголемиот спортски резултат во независна Македонија, но тука дојдовме по злато!“, порача Костовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…