Дома Трансфер зона Коста: Ако ме пушти Челзи одам во Кина!

Коста: Ако ме пушти Челзи одам во Кина!

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста порача дека ова лето ќе ја напушти Премиер лигата доколку Челзи му дозволи да се пресели во Кина.

Бразилецот со шпански пасош откри дека уште оваа зима бил на чекор до заминување во Кина, но менаџерот на „сините“ Антонио Конте го стопирал трансферот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Моментално сум среќен во Челзи, но утре Кинезите повторно ќе дојдат и доколку клубот ме пушти, тогаш ќе се преселам во Кина“, призна 28-годишниот напаѓач.

Коста исто така откри дека минатото лето сакал да се врати во Атлетико Мадрид, меѓутоа трансферот пропаднал бидејќи челниците на Атлетико немале трпение и го ангажираа Гамеиро.

„Направив се што беше во моја моќ за да се вратам, но Атлетико не сакаше да почека. Кога во клубот пристигна Конте првио ден му реков дека сакам да заминам. Беше збунет и лут, но на крајот оставам и среќа почнав да постигнувам голови“, откри Диего Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Аморим ја „краде“ ѕвездата на ПСЖ

Португалскиот интернационалец Нуно Мендеш би можел да биде првото зимско засилување за Ман…