Дома Фудбал Италија Коронавирусот нема да го пензионира: Буфон става нов потпис и ќе брани до 43!

Коронавирусот нема да го пензионира: Буфон става нов потпис и ќе брани до 43!

Во време кога нема фудбал убави вести ни пристигнуваат од Италија.

Џанлуиџи Буфон после една година во ПСЖ се врати во својот сакан Јувентус. Шчесни остана прв избор во Торино, но искусниот Италијанец немаше проблем со тоа, а до прекинот на сезоната запиша 11 настапи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Се доби впечаток дека коронавирусот би можел да ја заврши неговата импресивна кариера бидејќи под голем знак прашалник е продолжувањето на Серија А.

Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми, Буфон нема намера да застане и за него е спремен нов договор. Според информациите од Италија, Буфон би требало да стави потпис на нов договор до летото 2021 година што значи дека по истекот на тој договр ќе има 43 години.

Еден од главните мотиви на Буфон за да продолжи веројатно е трофејот во Лигата на шампионите кој му недостасува во неговата колекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На повидок големо изненадување: Тер Штеген се сели во Италија?!

Марк Андре Тер-Штеген повеќе не е дел од плановите на Барселона и е предмет на интерес за …